Ние не ја заборавивме топлината и услугата на маалските продавници. Услугата ја негуваме од 1996 година и е нешто со кое најмногу се гордееме. Нашиот приоритет е секој купувач да излезе задоволен по пазарувањето во нашите маркети. Очекувајте вработените во Рептил маркетите да го направат дополнителниот чекор во услугата: ќе ви речат „Добар ден“, спремни се да ви асистираат при вашето пазарење или ќе ви помогнат да ги изнесете торбите до вашиот автомобил. За ова да биде возможно, вложуваме голем број на ресурси во обуката на сите наши вработени и во контролата на квалитетот на нашата услуга. Нашето мото не е случајно: „Пазарете со срце и задоволство“. Ние ви гарантираме дека нашата услуга ќе биде топла, соседска и срдечна и дека ќе излезете задоволни при секое ваше пазарување.

 

„Јас често пазарам во оваа продавница и особено сум воодушевен од љубезноста и насмевка која зрачи од вработените, нивниот професионален однос , хигиената што е посебно важно при продажбата, чувањето и се друго што е поврзано со сувомеснатите производи и лебот. Верувам секој што влегува во ваква продавница останува со чувство на големо задоволство од услугата, восхитен од љубазноста и желба повторно да се наврати за купување на намирници од посебно значење за луѓето. Ве поздравувам и ви посакувам натамошни успеси… Јас ќе бидам и натаму ваш потрошувач…..“

Живко Поповски

„Како долгогодишна муштерика во вашата продавница презадоволна сум од услугата и коректното однесување од вашите вработени.“

Симоновска Верица

„Сакам да искажам големи пофалби за Рептил маркетите. Како за продавниците и вработените во нив така и за web информирањето и луѓето кои управуваат со маркетите. Исто сакам да ја пофалам акцијата на Рептил маркетите за асфалтирање околу зградта на улица Тоне Томшиќ 25… Продолжете така.“

Јован Стојанов

„Благодарност до персоналот на љубезноста, вредни, услужни. Голема пофалба.“

Стојковиќ Мирјана

„Одушевен сум од добрата работа и љубезноста на вработените. Секогаш сум пријатно изненаден од некој од нив.“

Тони Пешев

„Вработените ме воодушевија.. Љубезни се во секое време.. Значи без оглед на палетата на производи што ги нуди една компанија, сепак мислам дека личниот контакт со потрошувачите е клучната алка за успех.“

Андријана Миневска

„Благодариме на Вашиот културен однос кон нас потрошувачите.“

Срдечно од проф.д-р. Димитар Ќорнаков