Еве сме, на крајот на славењето, на празниците и на обилните оброци кои содржат шеќери. Време е за детоксикација на организмот, а за тоа се потребни и нови производи во вашиот фрижидер. Правилната исхрана и е повеќе од потребна на организмот, а за да ја зготвите ви треба само идеја од рецептите за здрава храна.

Зошто телото има потреба од здрава храна?

Секој вид на здрава храна си има свои предности. Некои производи се добри за имуниот систем, некои за развиток на органите, додека пак некои помагаат во спречување на болести. Поради тоа, ние го негуваме тоа што го создава природата.

Здрава храна за слабеење

Постојат луѓе што мислат дека се грижат за нивниот организам, а уствари не се грижат. Држат некои диети кои сами си ги припишуваат, а тоа е сосема погрешно. Додека мислат дека придонесуваат за доброто на нивното здравје, напротив, го нарушуваат и затоа потребно е да се внимава во вакви случаи. Доколку сакате да ги изгубите вишокот килограми, а притоа да си го зачувате здравјето, долунаведените состојки ви се пријатели.

Брокула

Ова зелено растение, има голем придонес за организмот. Поради тоа се наоѓа на првото место на листата на здрава храна. Свежите брокули содржат витамини A, K и C кои помагаат во обновување на организмот. Поради таа сила што ја поседува, се препорачува највеќе на трудници, деца и стари луѓе. Покрај тоа што придонесува во регулација на дигестивниот систем, исто така се смета за еден од најголемите спречители на ракот. Повеќе научни истражувања покажуваат дека конзумирањето дури и супа од брокула во препорачаната доза го спречува канцерот да се прошири во другите делови на телото. Самото спречување може да го излече ракот во 2-от стадиум.

Здрава-храна-после-празниците-1
Source: www.healtheatingfood.com

Спанаќ

Овој пролетен зеленчук е еден од најмоќните и спаѓа во едногодишни растенија. Во составот на спанаќот влегуваат 2,2% протеини, 3,9% јаглехидрати, 0.5% масти и многу вода, а знаеме колку овие хранливи вредности се потребни на организмот. Неговата вредност е и причината за неговата доминација пред другите зеленчуци. Покрај тоа, помага во намалување на крвниот притисок што всушност резултира во подобра функција на срцето и бубрезите. Тука кај нас најпознат македонски домашен рецепт е спанаќ со павлака.

Здрава-храна-после-празниците-2
Source: www.theayurveda.org

Супа

Супите се меѓу поважните оброци за организмот. Исто како и салата, една чинија супа во денот, помага во регулација на дигестивниот систем. Крем супата е богата со витамини и нутриенти и не остава масни наслаги, што всушност резултира во губење на килограми или одржување на истите. Покрај тоа што помага во слабеење, помага и при настинки. Нутриентите што ги содржи ни се потребни да ја надминеме настинката. Нема нешто поубаво од чинија топла, вкусна супа од зеленчук во ладните денови.


Source: www.thenourishinghome.com

Сладок Компир

Слаткиот компир е извор на витамини. Содржи B6, витамин што штити од срцеви заболувања. Содржи и витамин C кој е потребен на организмот за заштита од болести и настинки, за подобрување на дигестивниот систем  како и против канцерогени токсини. Покрај тоа што е добар за здравјето, исто така е одличен за убавината на кожата. Компирот помага во лечење на рани, поради тоа што содржи колаген, кој помага во одржување на еластичноста на кожата. Слаткиот компир, содрѓи и железо и витамин D кои помагаат во зголемување на имуниот систем.


Source: www.mnn.com

Здрава протеинска храна

Доколку посетувате теретана, планирате да почнете во скоро време, или пак сакате здраво да се храните, треба да знаете дека протеините се најпотребни во исхраната. Преку внесување на протеин во организмот, се добива тежина без да се добијат масни наслаги.

Јајце

Јајцето се смета за комплетен извор на протеини и витамини. Белата половина од јајцето е богата со витамини. Таа половина содржи селениум, витамин D, B6, B2, B12 како и  минерали, од кои цинк и железо. Другата половина, тоа е жолтата, содржи масти кои се потребни на организмот. Жолчката е богата со витамини A, D, E и K и лецитин. Едно јајце ги содржи сите нутриенти кои се потребни на организмот. Јајцето исто така придонесува за здравјето на срцето, ја зајакнува крвта, го подобрува дигестивниот систем и дава енергија. Поради тоа се препорачува да се јаде за доручек.


Source: www.food.com

Јогурт

Јогуртот исто така е голем извор на протеини. Има толку силна функција што една чаша јогурт има 9 грама протеини. Покрај тоа, јогуртот е богат со калциум, витамини B6 и B12, потазиум, кој ја спречува загубата на калциум во телото и магнезиум. Но, неговата најголема моќ претставуваат пробиотиците. Пробиотиците претставуваат еден вид “добри бактерии”, кои се присутни во дигестивниот систем. Овие “бактерии” го штитат стомакот од диареа, гастритис како и од нетолеранција на лактоза. Служи како преветива од остеопороза и го зголемува имуниот систем.


Source: www.medicalnewstoday.com

Месо

Кога ќе се спомне здрава храна, луѓето веднаш помислуваат на зеленчук и воедно на веганска храна, што е погрешно. Уште од настанокот на човештвото, се јаде месо, човечкото тело е изградено за тоа. Проблемот е во тоа што луѓето гледаат на месото како производ штетен за здравјето, а на зеленчукот како храна добра и за мозокот. Напротив, месото е баланс на невротрансмитерите. Тоа се гласници кои ги регулираат функциите на мозокот и тоа физичка, когнитивна и ментална активност. Што значи, месото е потребно исто колку витамините кои ги содржат растенијата. Покрај тоа, месото го регулира крвниот притисок, го зголемува имунитет и енергијата. Веганизмот е тренд, а не здрава храна.


Source: www.fitnews.ro

Риба

Рибата е друг вид на месо, кое полесно се вари во дигестивниот систем и има свои нутритивни предности. Рибата спаѓа во листата на топ 5 производи од здрава исхрана. Содржи омега 3 и витамин D. Покрај тоа, помага во регулација на работата на мозокот и нервниот систем, што е потребно со текот на стареење. Исто така, го намалуваат ризикот од срцеви и ревматични заболувања. Овие протеини може да са најдат исто и во конзервирана туна.


Source: www.stylecraze.com

Здрава храна здрави деца

На децата им се потребни витамини за време на нивниот раст. Калциумот и протеините се потребни за равојот на нивниот организам. Сервирајќи ваков вид на храна на масата, додавате и боја, така може и полесно да ги одвлечете вашите деца до масата. Боите се интересни за децата, затоа пробајте и со мала декорација во нивната чинија. Правилната исхрана помага во развивање на понатамошно конзумирање на здрава храна која ќе им прерасне во навика.

Житни снегулки

Житните производи се најдобра комбинација со млекото – чинија полна протеини и радост. Топол овесен оброк со млеко е најдобриот пријател на детето за појадок. Овесните снегулки се богати со растителни влакна кои даваат енергија на телото. Исто така помагаат во работата на мозокот и придонесува во зголемување на концентрацијата. А подобрена работа на детскиот мозок, носи подобри резултати во активностите во школото и надвор.


Source: www.nytimes.com

Банана

Бананата е еден од производите кој има зачудувачки предности за здравјето. Покрај тоа што се добри за физичкото здравjе, се исто толку добри и за менталното. Богати се со карбохидрати кои помагаат во продуцирање на енергија, која му е потребна на организмот. Покрај тоа ја спречува анемијата и ја забрзува работата на мозокот. Поради тоа, лекарите ги препорачуваат бананите како дел од исхраната на децата уште од нивната најрана возраст. Јадењето банани помага во побрзо надминување на депресијата. Содржи големо количество триптофан, кој после конзумирањето, организмот го претвора во серотонин – хормонот на среќа


Source: www.healthyfoodhouse.com

Млеко и млечни производи

Млечните производи се добар извор на нутриенти поради тоа што содржат калциум, витамин D, потазиум, магнезиум, како и витамини A и B12. Како што знаете, калциумот помага во развојот на коските и ги ојачува во текот на животниот циклус. Покрај што е богато со уникатни нутриенти, млекото помага во подобрување на имуниот систем, што е важен фактор во текот на детскиот развој. Поради јачината на неговите нутриенти, Австриските научници препорачуваат конзумирање на млечни производи секојдневно.


Source: www.wickbold.com.br

Овошје

Поголемиот број од децата не се научени да јадат овошје. Поради тоа, препорачливо е да им се дава овошје додека се мали, за да се навикнат на вкусот и да го јадат во иднина. Педијатрите сметаат дека една половина од секој оброк во чинијата, треба да содржи овошје. Додека пак, научниците докажале дека децата кои јадат овошје имаат подобри резултати во школо. Ова се должи на предностите на овошјето во развојот на мозокот. Организмот на децата има потреба од добра нутритивност поради тоа што е во развој. На пример, портокалот и јаготките се богати со витамин C кој штити од настинки. Морковите се богати со витамин A кој придонесува во квалитетот на видот.


Source: www.thegoodcalorie.com

Рецепти за здрава храна

Убавината на здравата храна е во тоа што содржи состојки кои брзо и лесно се приготвуваат, можеби дури и полесно отколку да тркнете до продавница и да пазарете. Но, што е уште полесно, со брзиот развиток на технологијата, веќе не мора да се купува од локалните продавници, туку од онлајн маркет.

Лосос со зеленчук

Иако некои луѓе го сметаат лососот за летна храна, секогаш е добро да се направи промена. Сепак, се работи за здрава храна, а покра тоа и рецептот е одличен.


Source: www.copymethat.com

Состојки:

Подготовка:

  1. Рибата се посолува и се става во претходно загреана тава, со маслиново масло. Препорачливо е лососот да се остави со кожа. Се спрема 90% од страната на кожата, а 10% од другата страна.
  2. Откако ќе се зготви, рибата треба да биде мека. Притоа треба да се внимава да не се исуши, а за да се постигне тоа треба да се приготвува на посилна температура.
  3. После тоа, компирите и морковот се ставааат во сад со зовриена вода околу 10-на минути.
  4. Морковот треба да биде тврдо варен, да не се преврива. Веднаш штом се свари, се вади од зовриената вода и се става во друг сад со ладна вода. Откако ќе се излади, може да се исецка или да се скратат само стебленцата, доколку преферирате малку декорација во чинијата.
  5. Потоа се припрема црвениот кромид. Се вадат 2-3 лушпи од внатрешните пластови.
  6. Во тава се премачкува путер, се додаваат компирите, и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови, околу 45 минути.
  7. После 25 минути, додајте ги морковот и кромидот во тавата и оставете да се печат уште 20 минути. Извадете ги и обложете ги до лососот во чинијата.

Супа од пченка

Сите видови на супи се вкусни, но оваа е љубов на прв поглед.


Source: www.dailycrave.wordpress.com

Состојки:

  • 450 gr пченка
  • Морска сол
  • 25 gr путер

Подготовка:

  1. Во мало тенџере се става морска сол, па се додава пченката (само зрна). Се вари онолку време потребно колку да проврие, потоа се става блендер и се меша околу 1 минута.
  2. После тоа, пченката се меша, па убаво се цеди за да се изваде целиот џус.
  3. На крај се додава путерот и се меша за да се растопи. По желба може да се послужи со рендан пармезан и да се посоли со црна морска сол, за вкус.

Кус Кус со туна

Несекојдневен рецепт кој е лесен и вкусен и притоа ќе ви предизвика задоволство доколку го зготвите.


Source: www.thekitchn.com

Состојки:

  • 200 ml вода
  • сол
  • 1 лажица путер
  • Мала лажица маслиново масло
  • 200 gr кус кус
  • Корнишони
  • 80 gr домат, ситно сецкан
  • 4 инчуни
  • ½ мала лажица мајчина душица, сушена
  • ½ мала лажица чили сос
  • 130 gr туна
  • Сок од лимон

Подготовка:

  1. Во тенџере се става вода и се додава прстохват сол, путерот и маслиновото масло. Се оставаат да провријат. Потоа се додава кус кусот и добро се промешува.
  2. Се додаваат ситно исецканите корнишони, ситно исецканиот домат, ситно исецканите инчуни, мајчината душица и чили сос. Сето тоа добро се меша.
  3. На крај се додава туната и се меша се да се спои. Се зачинува со малку лимонов сок.

Свинско филе

Специјалитет што не сте го пробале ни во најдобриот ресторан! Покрај тоа што е добар рецептот, сепак она што е зготвено дома е најслатко.


Source: www.heartbowsmakeup.com

 

Состојки:

  • Свинско филе, 2 парчиња
  • 200 gr полента
  • 800 ml вода
  • 30 gr путер
  • 20 ml соја сос
  • 100 gr Рокфорд сирење
  • ½ лажичка дижон сенф
  • Сол и бибер
  • ½ мала лажица мајчина душица, сушена
  • Маслиново масло

Подготовка:

  1. Свинското филе се сечи на медаљони, се става во длабока чинија, па се полива со соја сос и дижон сенф.
  2. На ринглата се става тава да се загрее на средна температура. Месото се врти цело време, и треба да се внимава да не пошне да се пржи за да не се исуши.
  3. После тоа, во мало тенџерче се зоврива водата. Се додава путерот и солта, па добро се промешува со жица. Се додава уште полентата па пак се меша со жица за да се избегнат грутки.
  4. Додека полентата е сеуште врела, се додава сирењето.
  5. Се сервира во чинија, а полентата се става како подлога. Одозгора, скалесто се редат медаљоните од филето, а во средината се ставаат искршени парчиња од сирењето.
  6. На крај се попрскува со ладно маслиново масло.

Овесни снегулки

Не само младите, туку и постарите членови ги јадат овесните снегулки. Покрај тоа што можете да набавите во продавница, можете и да си направите сами, од состојките во фрижидерот.


Source: www.tathastubhava.com

Состојки:

  • Јаболко
  • Банана
  • Лешници
  • 2 лажици Мед
  • Суво грозје
  • боровинки

Подготовка:

  1. Се сецкаат јаболкото, бананата и лешниците.
  2. Се додаваат боровинките, па двете лажици мед за посладок вкус.
  3. Сето тоа добро се меша.

Заклучок

Иако не секогаш ја конзумираме оваа здрава храна, би било добро доколку тоа би се сменило. Луѓето би биле поздрави и би живееле подолго. Колку е интересно тоа што една состојка може да придонесе толку многу во животот на едно човечко суштество? Токму поради тоа, ние сме благодарни на нашата мајка природа.